Џулијан Мур (59) одлучи да ѝ се приклучи на актерската екипа што го снима филмот „Драг Еван Хансен“, во продукција на „Јуниверзал студиос“, објави „Дедлајн“. Оскаровка ќе ја глуми мајката на Еван Хансен, тинејџер со социјална анксиозност, кој се фаќа во лага кога семејството на еден соученик што извршил самоубиство ќе помеша едно од писмата на Еван со прошталната порака на нивниот син.
Бен Плат, Ејми Адамс и Кејтлин Девер исто така ќе играат во адаптацијата на бродвејскиот хит-мјузикл.