Оскаровецот Џорџ Клуни се подготвува за својот следен проект како режисер – филмска адаптација на автобиографијата на писателот добитник на Пулицерова награда, Ј. Р. Моринџер – познатиот бестселер од 2005 година „The Tender Bar“.
Филмот ќе биде седми игран филм под режисерска палка на Клуни, вклучувајќи го и „Добра ноќ и добра среќа“ (2005), за кој беше номиниран за „оскар“ за најдобар режисер.

Најавата, според „Дедлајн“, доаѓа во време кога Клуни ја завршува продукцијата на филмот на стрим-платформата „Нетфликс“, „Полноќно небо“, во кој тој и глуми и го режира.

Големата холивудска ѕвезда и косопственик на брендот на текила „Казамигос“ во 2018 година се најде на врвот на листата на „Форбс“ на најплатени актери во светот. „Казамигос“ во 2018 годинава заработи 700 милиони долари, на што славниот актер заработил околу 233 милиони долари, беше објавено на сајтот на магазинот „Форбс“.