Џорџ Клуни ќе биде режисер филмот „Калико Џо“ според книгата на Џон Гришам објавена во 2012 година. Романот е инспириран од реалната приказна за Реј Чепмен, професионалниот бејзбол играч кој завршува во кома откако бил погоден со бејзбол топче за време на меч, пренесуваат медиумите.

Џон Гришам е добитник на наградата „Галакси бритиш бук авардс“ и се вборјува меѓу тројцата автори кои успеале да продадат преку два милиона примероци со првото печатење. Останатите двајца се Том Каланс и Џ.К.Роулинг. 

Продукцијата ќе биде на компанијата „Смоукхаус пикчрс“ во која Клуни е партнер со Грант Хеслов, актер и продуцент. Во продукцијата на филмот исто така ќе учествува и реномираниот музичар Боб Дилан.

Од своја страна, добитникот на Нобеловата награда за литература и добитник на „оскар“, Боб Дилан, го опишал сценариото како „моќна приказна што ќе допре до млади и до повозрасни лица”.

Хеслов и Клуни соработуваа и во филмот „Арго“, којшто во 2013 година ја освои наградата „оскар“ за најдобар филм. Новиот филм е сѐ уште во претпродукција и ќе започне со производство во 2021 година. Клуни со овој филм се враќа на режија само неколку месеци по завршувањето на научнофантастичниот трилер „Полноќно небо“.