Џорџ Клуни со години беше еден од посакуваните ергени во Холивуд.Тој беше во брак со Талија Балсам од 1989 до 1993 година, a по разводот долго време остана сам. Кога беше објавено дека се жени со Амал Аламудин (сега Амал Клуни) тоа предизвика големо внимание во светските медиуми, објавува „Филм дејли“.

Џорџ и Амал се во брак веќе шест години и се родители на тригодишните близнаци Александар и Ела. Како и сите познати личности понекогаш се цел на гласини за развод. Сепак, многумина почнуваа да се прашуваат дали најновите гласини за развод имаат некаква основа.

Вирџинија Џуфре Робертс најгласна и позната по обвинувањата против Џефри Епстајн и Гизлејн Максвел напиша мемоари насловени „Плејбој клуб на милијардерот“. Книгата не е објавена, но целиот документ  е пуштен во јавноста, како дел од неоткриените документи во судската постапка во која е вклучена и Робертс.

Во мемоарите Робертс опишува како изгледал животот на сексуална робинка на Епстајн и на Максвел. Згора на се, Робертс не се плашела да ги обзнани имињата на многу познати луѓе во книгата. Некои од нив веќе ја негираа поврзаноста со Епстајн и со Максвел.

Во мемоарите се спомнуваат и Гизлејн Максвел и Џорџ Клуни. Случката наводно се случила е 2001 година пред Клуни да се ожени со неговата сегашна сопруга. Се шпекулира дека Амал Клуни е погодена од помислата дека нејзиниот сопруг можеби бил поврзан со некој како Максвел, без оглед на тоа дали гласината е вистина или не. Џорџ Клуни жестоко реагирал негирајќи било каква врска со Максвел.

Специјалност на Амал Клуни, која е адвокатка, е меѓународното право и таа се залага за човековите права. Таа може да работи во САД и во Велика Британија, а работела и за Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Холандија. Не е тешко да се разбере зошто Амал Клуни би се згрозила од Максвел, која е обвинета за секс-трговија со малолетни лица.

Засега нема потврда за разделба или развод. Иако ова би можело да биде пресвртница во бракот на парот Клуни, не се знае дали тие ќе се разделат заради необјавените мемоари. Максвел не е во состојба да даде коментар, бидејќи се наоѓа во затвор каде што го чека судењето за повеќе кривични дела, закажано за јули 2021 година.