Ѕвездата на „Игра на престолите“, актерот Кит Харингтон, замина на рехабилитација откако ја сними последната епизода од хит-серијата во која го глумеше Џон Сноу, рече неговиот портпарол.

-Кит одлучи да ја искористи паузата во својот распоред за работа како можност да се повлече некое време и да се справи со некои лични проблеми- се вели во соопштението.

Во соопштението не се наведуваат причините за неговата криза, но „Њујорк пост” објави дека актерот бил сериозно погоден од крајот на работата на серијата и дека тој е на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.

Престојот во центарот за рехабилитација каде што сега се наоѓа Кит чини околу 120.000 долари месечно. Таму корисниците учат како да се справат со стресот и негативните емоции, пишува „Дејли мејл“. Неофицијално, нивната програма, исто така, вклучува и одвикнување од алкохол.