Американскиот џез-музичар Џон Батист доби 11 номинации за музичката награда „греми“, а по него следуваат Џастин Бибер, Доџа Кет и Х.Е.Р., кои добија по осум номинации.
Батист и Бибер ќе се натпреваруваат за главната награда, албум на годината, со: Били Ајлиш, Доџа Кет, Х.Е.Р., Кање Вест, Тони Бенет, Лејди Гага, Оливија Родриго и Тејлор Свифт, соопштија организаторите, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
„Греми“, најголемата награда во музичката индустрија, ќе биде доделена на свечена церемонија на 31 јануари во Лос Анџелес.