Шкотското виски „Џони Вокер“ старо речиси 200 години, наскоро ќе се продава во хартиенa амбалажа, соопшти Еван Ендру, менаџер за одржливост во компанијата „Дијаџио“, сопственик на брендот, пренесува „Индипендент“.

Еван Ендру ги анализирал и предвидува идните перспективи на компанијата „Дијаџио“ со посебен акцент за влијанието врз животната средина.

Новите хартиени шишиња-органски пакувања ќе бидат пуштени во продажба во почеток на следната година. За таа цел, производителот соработува со компаниите „Пилот Лајт“ и „Пулпекс Лимитид“ специјализирани за производство на одржлива технологија за пакување.

За изработка на стаклени шишиња се троши енергија со што се создаваат штетни гасови. Од таа причина многу производители на пијалоци ја прифаќаат идејата за хартиена амбалажа. На тој начин би се исполнила целта намалување на загадувањето, а воедно производите да бидат поодржливи.

Хартиените шишиња за виски ќе бидат произведувани од дрвен материјал и ќе се рециклиеачки, се дообјаснува во соопштението на компанијата „Дијаџио“ до медиумите.