Вечерва и утревечер, со почеток во 22 часот, филмофилите ќе имаат уникатна можност да ги проследат проекциите на американскиот филм „Џокер“, еден од најзборуваните филмови минатата година во светот. Проекцијата ќе биде во летното кино „Мирно лето“, во дворот на Кинотеката на Македонија во Скопје.
Режијата на филмот е на Тод Филипс, а сценариото на Тод Филипс и Скот Силвер.
Улоги: Жоакин Феникс, Роберт де Ниро, Зази Биц.
Влезницата е 150 денари.