Актерката Џоан Колинс ја примила вакцината против ковид-19, и ги известила своите обожаватели дека е посебно што тоа го направила истиот ден кога и британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип.

Англиската актерка им рече на обожавателите дека е „воодушевена“ што ја прима вакцината, за која истакна дека е од „Астра зенека“. Таа вакцина беше одобрена од Обединетото Кралство кон крајот на декември минатата година, но сè уште не е одобрена во САД, каде што уште се испитува.

Меѓу другите познати познати личности во Велика Британија кои се постари од 80 години, а се вакцинирале, се актерот Иан Мекелен и рок-ѕвездата Марти Вајлд.