Холивудските ѕвезди Алек Болдвин и Џим Кери се појавија во новиот скеч на шоуто „Во живо во сабота навечер“ на телевизијата СНЛ, во кој ги глумат актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, и бившиот потпретседател и сегашен кандидат за претседател Џо Бајден.
Болдвин и Кери во 13-минутно видео во две различни ТВ-емисии разговараат за горливи теми, а модератори на нивните разговори беа Мајки Деј и Кејт Мекинон.
Трамп одговара на прашањата за коронавирусот, педофилијата, дебатите, републиканците, а Бајден, од друга страна, вешто кружи околу секое поставено прашање и не одговара на ниедно конкретно, како што и се очекува од него.
Скечот на СНЛ веќе има над 26 милиони прегледи на Јутјуб.