Актерот Џејсон Момоа ја избричи брада, во обид за кревање на свеста за загадувањето на океаните. Ова е првпат актерот да ја скрати брадата која ја негува од 2012 година, пренесува „Форбс“. 

Момоа, кој се прослави со улогата на Кал Дрого во „Игра на тронови“ реши да го сними чинот со цел да ја подигне свеста за загадувањето на океаните. Тој препорачува да не се употребуваат пластичните шишиња, односно да се користат алуминиумски шишиња како замена.

Ова беше соодветен гест од актерот кој го толкуваше заштитникот на морињата, Аквамен, во истоимениот филм. Пластичните острови кои пловат на површината на водите не се фиктивни, туку сурова и тажна реалност.

– Го правам ова со цел да се подигне свеста на луѓето. Пластиката ја убива нашата планета, но постои решение за тој проблем. Вие можете да помогнете, сѐ додека се рециклира. Решението е алуминиум. Околу 75 проценти од алуминиумот кој е користен во минатото сѐ уште се употребува и целосно може да се рециклира. Лименката од која пиете денес за 60 дена повторно е употреблива – изјавил Момоа. 

Бричењето на седумгодишната брада означува почеток на нова страница во животот на Момоа. Неговите карактеристични брада и коса ги асоцираа обожавателите на воинот Кал Дрого, а исто така, помогнаа да се модернизира и изгледот на Аквамен, менувајќи го изгледот на ликот, кој претходно на читателите на стрипови им беше карактеристичен по неговото секогаш избричено лице и кратката руса коса.

Бројните обожаватели на Момоа ја изразија нивната тага на социјалната мрежа Твитер, жалејќи за брадата на харизматичниот актер.