Познатиот британски готвач Џејми Оливер ќе заигра во култната серија „Војна на ѕвездите“, објавија неодамна некои филмски портали. Бидејќи нема искуство како глумец, дадена му е улогата на споредниот лик Стормтрупер.

Неименувани извори тврдат дека Џејми Оливер неодамна го посетил студиото „Пајнвуд“, каде што се подготвувал за својата улога во деветтата епизода. Тој на социјалната мрежа Инстаграм се пофалил дека ја добил улогата и објавил фотографии на кои се гледа како ги носи ќерките на училиште облечен како Стормтрупер, а така маскиран го прославил и роденденот на синот.

Не е првпат познати личности да се кријат под оваа маска. Во 2015 година тоа го направи Џејмс Бонд (Даниел Крејг), кој го глумеше Стормтрупер во филмот „Будење на силата“.