Џенифер Лопез (51) го откри датумот на премиерата на новиот филм во кој таа игра главна улога среде тврдењата дека нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез се обидува да се врати во нејзиниот живот.
Акциската комедија „Принудна свадба“ (Shotgun Wedding), со Џенифер Лопез и Џош Духамел во главните улоги, ќе се појави во киносалите идната година, а суперѕвездата ја објави веста на својот инстаграм-профил. „Голема вест! Филмот ‘Принудна свадба’ ќе почне да се прикажува во кината на 29 јуни 2022 година! Едвај чекаме да го гледате“, напиша Џеј Ло во описот на објавата, додавајќи неколку емотикони.
Во филмот на „Лајонсгејт“, Лопез и Духамел глумат свршена двојка, која се подготвува да ги собере и двете свои семејства за нивната свадба. Двојката има трема и малку страв, но сето тоа станува второстепено кога семејствата ќе бидат земени како заложници.