По објавувањето на првиот трејлер на филмот „Хастлерс“, во кој глумат Карди Би и Џенифер Лопез, познатата пејачка и глумица, изјави дека се срами од некои сцени.
– Ноќна мора ми е самото размислување за тоа. Се разоткривам на начин на кој никогаш не сум се разголила на филмското платно – изјавила Лопез, кога ја прашале за сцените во кои игра стриптиз.

Филмот е инспириран од напис во „Њујорк магазин“ во 2016 година. Следи група бивши стриптизети што се здружуваат и ги мамат богатите клиенти од Вол Стрит.
Во филмот освен Џенифер Лопез и Карди Би, глумат и Лили Реинхарт, Меделин Бревер, Трејси Лисет, Кеке Палмер, Констанс Ву и Џулија Стилс.
Премиерата на филмот е закажана за 13 септември.