Продуцентот на познатата франшиза „Лоши момци“, Џери Брукхајмер, соопшти дека веќе некое време работи на четвртото продолжение на филмот.
Последното продолжение на „Лоши момци“, во кое глумат Вил Смит и Мартин Лоренс, доживеа огромен успех и заработи 419 милиони долари, па затоа ќе биде изненадување ако не се снима и четвртото продолжение.

Во третиот дел, насловен „Лоши момци засекогаш“, Вил и Мартин ги репризираа своите улоги по 15 години, но малку е познато за четвртиот филм.
– Сè уште не е познато ни дали истите режисери и Билал Фелах ќе работат повторно на сè уште неименуваниот филм – пишува Метро.
Во последниот филм, Маркус (Лоренс) беше подготвен да ја „смири“ својата кариера, да стане дедо и да извршува канцелариски работи, додека Мајк (Смит) имаше поинаков став.