Иако сѐ уште не се познати повеќе детали за филмот за групата „Спајс грлс“, засега се знае дека во него ќе се појават сите пет членки. Преку филмот за легендарните „зачинети“ девојки ќе се вратиме во 1990-тите, во некое друго време во кое владееја други музички жанрови, се носеа поинакви модни комбинации и имаше други морални вредности.

Филмот треба да биде готов до 2020 г., а дејството ќе ги покрие сите поважни настани што се случиле за време на кариерата на членовите на оваа женска група.
Фамозната петорка од 1997 година, претходно го сними филмот „Спајс ворлд“, кој говори за нивните заеднички патувања, цената што морале да ја платат за стекнатата слава. Групата моментално е на британска турнеја, ама без Викторија, која сепак ветила дека ќе се појави на некој од настапите.