Доколку се сѐ одвива според планот, веќе на почетокот на 2021 година се очекува премиера на филмот „Јужен ветер 2“ во кината, а потоа би требало да се сними и продолжение на оваа популарна српска телевизиска серија, која е доста гледана и кај нас. Режисерот Милош Аврамовиќ вели дека веќе се работи на сценариото за „Јужен ветер 2“.
– Планираме на 22 јули да почнеме да го снимаме „Јужен ветер 2“, како и продолжението на серијата. Размислувавме да воведеме нови женски ликови и да им дадеме поважни улоги, бидејќи досега некако ги снемуваше во расплетот. Ќе се потрудиме во втората сезона да го поправиме тоа. Крајот на серијата го обележи враќањето на Мараш (Милош Биковиќ) на криминалот, но и најава за нова војна со другите наркокартели. Токму затоа публиката ја очекуваат интересни заплети во продолжението.

Ќе бидеме ориентирани кон односот меѓу Мараш и неговиот брат, кој доаѓа од Америка, но засега толку само ќе најавиме – вели режисерот Аврамовиќ.
Филмот и серијата кренаа голема прашина во регионот поради тематиката, но режисерот и глумците не сметаат дека таа го промовира криминалот, туку претставува само една уметничка креација.

– Кога бев мал уживав да ги гледам филмовите со Шварценегер, па „Кум“, „Лице со лузна“, а потоа не ми паѓаше на ум дека би било добро кога ќе пораснам да станам криминалец. Мислам дека е апсурдно тоа што некои го зборуваат дека серијата го промовира криминалот и ги учи децата на лоши вредности. Па нели за воспитувањето се задолжени родителите и општеството, а не филмовите и телевизиските серии. Мислам дека од друга страна „Јужен ветер“ ги наведе луѓето да бидат креативни, бидејќи добивме еден куп интересни видеоклипови, музика и цртежи од обожавателите – додава режисерот Аврамовиќ.