Италијанската филмска компанија „Вајлдсајд“ најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн. Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.

Во книгата таа е прикажана во вистинско светло – поинаква од тоа каква ја знаеме од големиот екран. Италијанскиот новинар и писател Луиџи Спинол е најмен за да ја приспособи приказната во филмско сценарио. Серијата ќе се фокусира на првите години на актерката во филмската индустрија – од детството во Европа до Холивуд.

Хепберн е позната по своите улоги во 1950-тите години, во филмовите „Римски празници“, „Сабрина“, „Појадок кај Тифани“ и оскаровскиот мјузикл „Мојата убава дама“, како и по нејзината добротворна работа. Почина од рак на слепо црево во јануари 1993 година, во Швајцарија.