Лурдес Леон е заштитно лице на сосема нова модна маркетинг-кампања, а на фотографиите се забележува бунтовниот дух кој долго време беше заштитен знак на нејзината мајка, Мадона.

Дваесет и четиригодишната манекенка ја бранува долгата розова коса и соодветни розови нокти на фотографиите за маркетинг-кампањата „Марк Џејкобс пролет 2021“, која почна вчера. Во оваа кампања за сезоната пролет 2021 година Лурдес ги претставува новите додатоци како светло обоени чанти, патики , чорапи, накит со втиснато лого, маски за лице и многу повеќе.

– Марк има долгогодишно минато со Мадона и единствено ни беше логично да ја славиме Лурдес да биде заштитно лице на маркетинг-кампањата, бидејќи таа целосно ги соединува младиот дух и бескомпромисно чувство за индивидуалност, што е од клучно значење за овој младешки израз на моделот – објавила компанијата при своето претставување за печат.

Лурдес, е најстарото од шесте деца на Мадона. Татко на Лурдес, Карлос Леон, е тренер за фитнес.