По објавувањето дека Бред Пит е во врска со германската манекенка Никол Потуралски, која е во отворен брак со шеесет и осумгодишниот бизнисмен Роланд Мери со кого има и син, јавноста е заинтересирана да ја открие реакцијата на нејзиниот сопруг, пренесува „Дејли меjл“. Најновата вест е дека нивната врска трае девет месеци и дека ресторанот чиј сопственик е Роланд, всушност е и местото каде што Бред и Никол првпат се сретнале пред една година.

Првите информации за новата девојка на Бред беа дека таа зборува пет јазици, има син и води организација за заштита на ајкули.

Роланд знае за односот на неговата сопруга со Бред Пит, додека тој и актерот се познаваат од 2009 година, бидејќи ресторанот на Роланд е омилено место на Бред. Очигледно, тој воопшто не е заинтересиран да се заморува од такви ситни емоции како што е љубомората.

 – Тој не е заинтересиран за негативност и љубомора – изјавил негов пријател, додавајќи дека Роланд бил во брак неколку пати.

„Тие се уште се во брак, но за тој брак може да се каже дека е отворен“, изјавила пријателка на Никол за „Дејли мејл“.

Роланд, пак, одбил да даде коментар.

„Без коментар“, беше се што им рекол на новинарите кога го прашале за наводната врска на неговата сопруга со Бред Пит.

Повеќе медиуми се обидуваа да откријат како изгледа ривалот на Бред Пит, по што фотографиите од сопругот на младата Никол ги преплавиле социјалните мрежи.