Фото: Горан Анастасовски

Во светската историска науката прашањето за етничката припадност на Античките Македонци е едно од најсложените прашања и за нивното потеклото се искажани голем број на различни ставови.  

Постојат повеќе тези за етничката припадност на Македонците. Еден дел од историчарите и сите грчки истражувачи ја застапуваат тезата за хеленско потекло на Македонците. Албанските научници и неколку странски ја подржуваат илирската теза. Други научници ја застапуваат бригиската теза – Античките Македоци водад потекло стариот балкански народ Бриги. Една група на научници ја застапува идејата дека Македонците биле одделен народ, односно дека Македонците не биле Хелени, Илири и Тракијци. Оваа теза ја подржуваат В. Георгиев, Ј. Борза, Наде Проева и др.

Историјата на Александар Македонски од Аријан, копија од 1575 год.

Но без разлика на искажувањата на научниците повеќе историски извори ги опишуваат Македонците како оделни од Хелените. Во хеленските наративни извори, Македонците секогаш јасно се одбележуваат со нивното етничко име, а честопати се означуваат и како народ кој не го говорел хеленскиот јазик. Павсанија вели дека Птолемаидите – кралевите од македонската кралска куќа во Египет љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле“.

Најконтроверзното тврдење кое може да се сретне во античките извори е дека Македонците и Хелените биле различна раса. Според Аријан: „Имаше насилна борба. Грците на Дариј се бореа за да ги вратат Македонците во водата и да го спасат денот, но левото крило веќе се повлекуваше… Борбата беше дополнително жестока поради старото расно ривалство на Грците и Македонците“ (Аријан, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119). Ова динстикција помеѓу Македонците и Хелените се сретнува и во делата на Тит Ливиј  и Диодор Сицилиски.