Во организација на српскиот културно-информативен центар „Спона“ во понеделник, во 20 часот, ќе се одржи промоција на четвртото издание на „ЈУ рок енциклопедија“ на авторот Петар Јањатовиќ. Во присуство на авторот, ќе се зборува и за музичката литература во регионот, воопшто, за најновите биографски книги објавени на овие простори, а програмата предвидува вечерта во еден дел да биде и вечер на југословенска рок-поезија, бидејќи ќе биде промовирано и новото издание на збирката „ЈУ рок поезија – песни на братство, детство и потомство“ на истиот автор.
Југословенската рок-поезија ќе ја чита професорката Татјана Алексиќ, додека модератор на програмата ќе биде новинарот Иван Беќковиќ.

На 4 јуни, во 19 часот, истата програма ќе биде репризирана и во „Подрум бар“ во Куманово.