Изминатиот јуни беше најтоплиот месец во историјата на планетата Зeмја, информираше Европската сателитска агенција, а пренесе „Индепендент“.

Податоците обезбедени од Сервисот за климатски промени Коперник, имплементирани од Европскиот центар за временска прогноза кој работи за Европската Унија, покажа дека глобалната просечна температури во јуни оваа година била рекордно највисока за овој месец во годината.

Статистиката покажува дека просечните температури за минатиот месец биле повисоки за 2 степени во цела Европа, додека во поголемиот дел од Франција, Германија и северна Шпанија тие биле за 6 до 10 степени над нормалата.

Глобалната просечна температура била повисока за 0,1 степен во споредба со претходниот најтопол јуни, во 2016 година. Експертите тврдат дека климатските промени имале голема улога во минатонеделниот топлотен бран во Европа.