Јужна Кореја им порача на своите граѓани кои планираат да пробаат марихуана во Канада, дека ќе бидат казнети по враќањето дома.

Колку за потсетување, Канада е втората земја на светот, покрај Уругвај, која минатата недела го легализираше пушењето марихуана.

– Тие што ќе пушат трева ќе бидат казнети според корејското право, дури и ако пушеле трева во земјите во кои тоа е легално – рече Јун Си-јин, шеф на одделот за борба против дрогата.

Според корејските закони, а ко ве осудат за пушење марихуана, би можеле да добиете до пет години затвор.