Во градот Сеул одлучија да користат светлосна сигнализација за да придонесат за безбедноста во сообраќајот на пешаците, кои додека пешачат гледаат во своите мобилни телефони.
На рабовите на пешачките зони се поставени светилки и семафори за да бидат повидливи за овие пешаци. Тие се наменети за оние граѓани што на англиски се нарекуваат „смомбис“ или зомби опседнати со паметни телефони.
Оваа фраза ги означува оние што користат мобилни телефони додека пешачат, без да внимаваат на условите во сообраќајот и другите околности.
Првите вакви семафори со ЛЕД-светла беа поставени во 2019 година, а потоа следуваше нивно пробно користење. Властите се одлучиле на ова бидејќи имало сѐ повеќе такви „зомби“. Покрај тоа, во цела Јужна Кореја постои систем за предупредување, односно пешакот добива предупредување преку мобилен телефон, пишува „Индипендент“.