На истото место каде што пред 20 години го одржа првиот голем концерт, во организација на „Авалон продукција“, групата „Нокаут“ утре ќе ги прослави своите 20 години на македонската музичка сцена.

На концертот, кој ќе почне во 21 часот, а вратите на СРЦ „Кале“ ќе бидат отворени уште во 19 ч., ќе биде промовиран новиот албум на „Нокаут“, четврти по ред, од кој веќе се многу слушани песните: „Што бараш во моја песна“, „Ти си таа“ и „Кога ме сакаш ти“.