Балканската музичката дива Јосипа Лисац е добитничка со наградата „порин“ за животно дело, која ќе ѝ биде врачена на скорешното свечено доделување во Риека, Хрватска. Управниот одбор на музичката манифестација „Порин“ им ја доделува оваа награда на уметниците, кои со својот професионален ангажман и успех значително придонеле за развојот на хрватската култура и оставиле голема трага во музиката.
Јосипа Лисац на сцената е повеќе до 50 години. Таа е посебна по својот специфичен глас, кој има распон од контраалт до сопран, сценската појава, како и по одличните интерпретациски способности. Музичката кариера ја почнала кога имала 10 години, пеејќи во училишниот хор.

– Гласот постои само тогаш кога во него нешто се случува, кога осмислува некој звук туѓ на секоја нормална артикулација на вокалот – говорела на почетокот на својата успешна кариера Јосипа Лисац и истата мисла, како нишка, водилка, неверојатно верно ја следи до денес.