Јапонскиот бренд ЗГХУБД пушти во продажба необични очила што го штитат целото лице од ултравиолетово зрачење. Тие претставија висококвалитетен поларизиран штит за лице, изработен од поликарбонат и опремен со заштитна УВ-леќа. Унисекс-очилата имаат висока издржливост и може да издржат притисок без деформација или пукање.
Очилата за лице исто така имаат својства за замаглување, отпорни се и на ветер и на прашина и нудат одлично визуелно искуство и максимална видливост.
Ергономскиот дизајн на рачките на производот се вклопува во механизмот на увото и не е лизгав, а фактот дека се за цело лице значи дека има уште поголема заштита и покривање од онаа што ја нудат обичните очила. Генерално, овој преголем штит за цело лице е погоден за секојдневна заштита на очите.
Иако изгледаат многу футуристички, тие се пуштени во продажба преку „Амазон“, а можно е и да станат хит во иднина.