Иако и на Земјата е тешко да се оправда употребата на видеа со 8К-резолуција, тоа не ги спречува Јапонците да ја користат оваа технологија со ултрависока резолуција на друго место во Сончевиот Систем.
Јапонската вселенска агенција JAXA и радиодифузерот НХК развиваат 4K и 8K-камери за да ги фотографираат Марс и неговите месечини Фобос и Дејмос за време на идната мисија за истражување на месечините на Марс. Камерите редовно ќе фотографираат и некои од фотографиите ќе ги испраќаат на Земјата, додека оригиналите ќе се чуваат во капсула што ќе се врати на Земјата.

Камерите ќе помогнат да се визуализира однесувањето на леталото, бидејќи ќе се комбинира со податоци за летот, така што JAXA може да го искористи сето тоа за контрола на леталото.
Вселенското летало ММХ ќе биде лансирано од Јапонија во 2024 година и ќе достигне до Марс во 2025 година. Враќањето на капсулата ќе трае малку подолго.
Сепак, чекањето може да се исплати, бидејќи ММХ ќе овозможи детални фотографии од Марс над површината, а потоа ќе слета на Фобос и ќе собира примероци. Научниците би можеле да дознаат повеќе за минатото и сегашноста на Марс. Од друга страна, ХНК ќе има 8К-снимки што другите ТВ-провајдери нема да ги имаат, пишува „Енгаџет“.