Јапонија ќе го добие својот прв електричен танкер следната година, а големата батерија ќе ја испорача компанијата „Корвус енерџи“.
– Како и Норвешка, Јапонија е поморска држава со светол пат кон зелена иднина. Владата веќе најави амбициозен план да биде ослободена од јаглеродни емисии до 2050 година, а за тоа ќе бидат потребни значителни иницијативи за декарбонизација во водечката бродска индустрија во светот – изјави Геир Бјоркели, извршен директор на „Корвус енерџи“.
Компанијата „Кавасаки хеви индустрис“ ќе произведе погонски систем за танкерот и ќе интегрира батерија „орка ЕСС“ од 3.480 киловати за напојување на бродот. Исто така, благодарение на електричниот погон, бучавата и вибрациите ќе се намалат, а во случај на потреба, бродот ќе може да ја дели својата енергија и со други пловни објекти.
„Корвус енерџи“ веќе има произведено батерии за околу 400 брода, од кои една четвртина се целосно електрични. Сепак, батеријата наменета за танкерот ќе биде најголема досега и еднаква на големината на 40 батерии од моделот С на „Тесла“.