Јапонските работодавци и Министерството за здравје воведоа задолжителен одмор од половина час што ќе служи само за спиење на работа, и тоа во раниот попладневен период. Поради тоа што Јапонците „гинат“ на работа и поминуваат неборени часови во седење на работа, сѐ повеќе истражувања покажуваат дека тие станале помалку ефикасни поради сонливост и дека тоа ги чини компаниите вкупно 138 милијарди долари годишно.
Поради тоа, Здружението на работодавци донесе одлука за воведување половина час за спиење, но и соба во која ќе можат да одморат во тој половина час.
„Некстбит“, јапонска ИТ-компанија, веднаш го прифати овој тренд и на своите вработени им обезбеди две, како што велат, „стратегиски спални соби“. Собите се опремени со уреди за блокирање бучава, кревети и софи, а мобилните телефони, таблетите и лаптопите се забранети.
Иако за остатокот од светот тоа изгледа необично, Јапонците имаат причина за овој чекор. Според најновите испитувања спроведени во 28 земји, Јапонците спијат најмалку, во просек 6 часа и 35 минути. Тоа е дури за еден час помалку одколку Финците, Канаѓаните, Белгијците и Французите.