Компанијата БЕКО ги кани сите заинтересирани присуствуваат и да учествуваат на регионалната турнеја „Јади како шампион” (Eat like a pro), со којашто се бори против детската дебелина и гојазност.

Турнејата во Македонија ја поддржува познатиот македонски готвач Шеф Огненовски, кој ќе подготвува здрава храна според рецептите што се користат во подготовка на јадења за играчите на фудбалскиот клуб Барселона.

Компанијата БЕКО ќе донира и ваучер на Посебното Основно Училиште „Златан Сремец“ Скопје, со што ќе овозможи услови за подобрување на здравите навики во исхраната на децата. На дводневниот настан во Скопје Сити Мол, ќе се организираат бројни спортски и кулинарски работилници за сите посетители, кои исто така, може да учествуваат и да освојат вредни награди.

Настанот ќе се одржува утре и задутре од 14 до 21 часот во Сити Мол, на платото до кафе баре „Тренд“.

На глобално ниво, платформата „Јади како шампион” (Eat like a pro) има цел да привлече внимание на важноста на здравата исхрана, особено во случаи кога нарушувањата во исхраната кај децата се проблем кој сé повеќе се зголемува. Нејзината цел е создавање на здрави навики, за децата да јадат здраво и да се развиваат здраво.

Таа ги поддржува семејствата ширум светот преку широк спектар на уреди со паметни и корисни технологии кои ги олеснуваат подготовките на здравата храна.