Експертите тврдат:

Доколку страдате од несоница, можеби не е лошо да промените некои работи во вашата спална соба, кои секако може да бидат нарушувачки фактор за добар сон. За почеток, почнете со боите. Бидејќи тие „диктираат“ многу работи, нивното влијание врз нашиот организам воопшто не е занемарливо.

Експертите препорачуваат никогаш да не ги боите sидовите во црна, виолетова, светлосина или зелена боја, бидејќи тие го нарушуваат спиењето и би требало да се избегнуваат. Најдобрите опции се бели и драп, како и светложолти, бидејќи овие нијанси изгледаат релаксирачки, а тоа е она што ни треба кога одиме во кревет. Пастелносини и светлозелени се исто така прифатливи.

Покрај тоа, спиењето во пижами со силни бои е нешто што треба да се избегнува. Заменете ги со пижами во меки и неутрални тонови.
За вашиот сон да биде поквалитетен, избегнувајте да јадете храна што содржи азот, како што се месо и сувомесни производи, а наместо алкохол, пијте чаеви од матичина или камилица.

Интересно е што и смеењето може да ни помогне да заспиеме, затоа што смеењето од срце го стимулира лачењето на природниот морфиум. И уште ако успеете да пешачите барем 15 минути пред спиење, за да ја забрзате работата на крвотокот и да ја снабдите крвта со кислород, несоницата ќе стане минато.