Ликот на Џон Џејмс Престон познат под прекарот Ѕверката, кој го толкува Крис Нот, нема да се појави во новата минисерија на „Сексот и градот“ на „Ејч-би-о“. Нот имаше една од главните улоги во серијата и во двата филма на „Сексот и градот“.

Во новата минисерија нема да биде ниту ликот на Стив Брејди (го глуми Дејвид Ајгенберг), сопругот на Миранда Хобс во оригиналната серија, според медиумите.

Продолжението на серијата „Сексот и градот“ чиј оригинален наслов гласи „And Just Like That“ ќе се состои од 10 получасовни епизоди и треба да почне со снимање во Њујорк кон крајот на пролетта. Минисеријата ќе се емитува 16 години откако заврши последната, шеста сезона на серијата, односно десет години откако излезе филмот „Сексот и градот 2“. Новата серија ќе се снима за стриминг сервисот „Ејч-би-о макс“