Ѕвездите од „Игра на тронови“ Роуз Лесли и Кит Харингтон станаа родители за првпат откако во Лондон го прославија раѓањето на нивниот син, пренесуваат медиумите.

Роуз и Кит се „многу, многу среќни“ по раѓањето на своето прво дете, се вели во соопштението на нивниот претставник, кој и го потврди раѓањето на нивниот син.

Тие во голема мера останаа далеку од очите на јавноста откако објавија дека Роуз е бремена, преку фотосесија за магазинот „Мејк“ во септември минатата година. Додека Роуз за првпат го покажа својот стомак за време на фотосесијата, таа не ја коментираше својата бременост во интервјуто за истиот магазин.

Во октомври минатата година, Роуз откри дека е „воодушевена“ што го чека своето прво дете, со што за првпат зборуваше за бременоста.

– Воодушевена сум што сум бремена. Едвај чекам да го запознаам новиот член на нашето семејство – изјавила тогаш Лесли за „Њујорк пост“.

Лесли и Харингтон, во јуни минатата година ја прославија двегодишнината од нивната венчавка.