Се очекува оваа година кралицата да ja прекине традицијата со која невенчан партнер не смее да престојува во текот на ноќта во замокот Балморал Касл.

Тоа значи дека Кери Сајмондс би можела да се сретне со кралицата како придружба на премиерот Борис Џонсон на неформална средба во шкотскиот имот на нејзиното величество.

Извори за Експрес, велат дека девојката на премиерот Сајмондс ќе му се придружи на традиционално организираниот викенд.

Секоја година кралицата го поминува летото во замокот Балморал Касл, каде ѝ се придружуваат и други членови на кралското семејство, а еден викенд традиционално е домаќин на премиерот.

Кери Симондс е добро позната по тоа што води еко-кампања, неодамна поднесе оставка како директор за комуникации за конзервативците и сега е советник во „Океана“.

„Океана“ е група која води кампањи за заштита на животна средина со седиште во САД. Симондс, според нејзиниот активизам, може да се најде во конфликтна ситуација бидејќи кралското семејство меѓу активностите што ги организира за време на викендот е и ловот.

Малку се знае што точно се случува на вакви кралски настани, но има податоци што мислат поранешните британски премиери.

Според поранешниот премиер Дејвид Камерон нема многу време за опуштање и релаксирање во замокотот. Кралското семејство во поголемиот дел од времето имаат организирано активности на отворено.

За поранешната премиерка Маргарет Тачер, престојот во Балморал бил напорен.

– Викенд во природа со аристократи кои уживаат во јавање, пукање, спорт и игри, што е дефиниција за тортура – вели во една прилика Тачер.

Чери Блер во својата автобиографија открива како нејзиниот син Лео бил зачнат во Балморал.

Ова се случило бидејќи таа ја оставила својата контрацепција дома за да не се засрами за време на престојот со поранешниот премиер Тони Блер. Во кралските резиденции, наводно, слугите се познати по „прецизно“ распакување на багажот на гостите.

– Во 1998 година бев исклучително загрижена кога открив дека сè  мое е распакувано. Не само мојата облека, туку целата содржина на мојата торба за козметика. Таа година бев малку повнимателна и не ја спакував мојата контрацепција од чист срам – вели Блер.