Нова книга на Каролин Дуранд и Омид Скоби како што тврдат авторите, ги открива не многу срдечните односи и продлабочувањето на несогласувањата на принцот Хари и неговата сопруга Меган со Бакингемската палата, пренесува „Гардијан“. Тоа на крајот придонело за одлуката на парот да се повлече од јавниот живот. Книгата е присутна во весниците во Велика Британија во последните неколку дена, откако беа објавени извадоци во „Тајмс“ и во „Сандеј тајмс“.

Некои членови на кралското семејство требало да и покажат на Меган малку почит. Според книгата, една од главните причини за одлуката на парот за напуштање на кралскиот живот бил начинот на однесување со Меган од страна на членовите на кралското семејство.

Во книгата пишува дека еден член на кралското семејство ја нарекол Меган „шоу девојка на Хари“, додека друг наводно рекол „таа доаѓа со многу багаж“.

Парот, меѓу другото, наводно, не бил задоволен од начинот на кој со Меган се однесувале вработените во Бакингемската палата. Авторите велат дека парот имал доверба само во мал број луѓе.

Односите меѓу двајцата браќа Вилијам и Хари по објавувањето на одлуката за напуштање на кралското семество уште повеќе се влошиле.

Двата пара Вилијам и Кејт и Хари и Меган, до март немале меѓусебна комуникација, пишуваат авторите.

– Тие едвај разговараа едни со други за време на прославата за Комонвелтот во Вестминстерската опатија тој месец, и покрај тоа што не се виделе од јануари – пишува во книгата.

Авторите тврдат дека Хари бил вознемирен од советите на неговиот брат „да одвојат онолку време колку што треба за да ја запознаат оваа девојка“ уште на почетокот на нивната врска, за која тој сметал дека е „сноб “ и „супериорна“.

– Вилијам само сакал да се увери дека Хари не бил заслепен од похота, зашто за кратко време решил да се ожени – наведуваат авторите на книгата.

Авторите во книгата сугерираат дека немало информации за расправија помеѓу Кејт и Меган. Наместо тоа двата пара едноставно немале ништо заедничко, стои во книгата. Во книгата се тврди дека на Меган и недостасувала поддршка од Кејт, која се обидувала да оствари контакт, но не била многу загрижена ако не добивала повратен одговор од Меган.

Хари и Меган ги знаеја своите вредности и сакаа да го контролираат сопствениот бренд. Парот имаше своја веб-страница и се обидоа да го регистрираат „Сасекс Ројал“ како глобален заштитен знак. За тоа во книгата се пишува за изненаденоста на парот од третманот на кралското семејство кон нив, бидејќи тие барале поголема автономија од Бакингемската палата, отколку што таа имала намера да им даде.

 – Како што се зголемуваше нивната популарност, така се зголемуваа и тешкотиите на Хари и Меган бидејќи малкумина во кралството ги разбираа нивните интереси. Тоа беше една од поголемите причина за нивно повлекување од кралското семејство – се во открива книгата.

Тие веруваа дека нивните роднини работат против нив. Пред „Мегзит“, парот беше во толку лоши односи со другите членови на кралското семејство, што Хари и Меган веруваа дека од нив протекуваат приказни за нив во медиумите, тврдат авторите.

Кралицата била изненадена од објавата за нивната одлука за напуштање на кралското семејство. Според книгата ,кралицата бил „уништена“ од објавувањето на парот за нивните планови. Објавувањето на нивната одлука се сметало за преурането и избрзано.

Според книгата, во палатата се знаело дека Хари и Меган сакале промени во нивниот кралски статус и барале средба со кралицата пред шестнеделното патување во Канада на крајот на минатата година. Како и дека тие ја донеле конечната одлука додека биле во Канада и повторно барале средба со Елизабета Втора, но им било речено дека таа нема да биде достапна до крајот на јануари годинава.

Меган била вознемирена бидејќи сите сметале дека одлуката е нејзина.

„Дворјаните ја обвинуваале Меган “, напишале авторите.

Таа, од друга страна, чувствува дека многу жртвувала за кралството.

– Се откажав од целиот мој живот за ова семејство. Бев подготвена да сторам се што е потребно. Но, тоа е тоа. Многу е тажно – Меган со солзи во очите и кажала на една пријателка во март.

Сасексите се дистанцираа од книгата, а нивниот портпаролот рече дека тие не биле интервјуирани и не придонеле со ништо, додавајќи дека таа е „заснована врз сопствените искуства на авторите како членови на кралскиот тим за печат и нивното независно известување.