Некои стравови со возраста и зрелоста не се надминуваат

Ирационални стравови што нè потат, нѐ предизвикуваат да скокнеме, да трепериме, да чувствуваме силно чукање на срцето или да имаме чувство на „екстремна непријатност“… Добре дојдовте во светот на фобиите, стравови што со возраста и зрелоста не се надминуваат.

1. Стоматолог
Стоматолошката фобија е сериозна фаза во која едно лице не оди на забар по секоја цена, туку само во состојба на неподнослива болка. Постои долг список на причини што ги држат луѓето подалеку од стоматолошкиот стол, а тоа вклучува лошо искуство од минатото, страв од инјекции, чувство на беспомошност. Оваа фобија не е ќор-сокак. Редовните прегледи ја прават соработката со стоматолозите лесна и безболна.

2. Кучиња
Од мали кучиња, кои можат да се носат во торба, до, на пример, германски овчар, „најдобриот пријател на човекот“ создава парализирачки страв кај некои луѓе – попознат како кинофобија или фобија на кучиња. Фобија од кучиња најчесто се јавува ако сме жртва на каснување од куче или ако сме очевидци на таква сцена, објаснува професорот Бред Шмит од Државниот универзитет во Охајо.

3. Лет со авион
Фобиите од летот се движат од минимално чувство на непријатност до фактот дека некое лице воопшто не сака да лета со авион. Фобијата од летање со авион се разликува во тоа дали некое лице има страв од пад на авион или страв од затворен простор – клаустрофобија, поради што има напади на паника кога е во тесна кабина на авион, вели професорката по психијатрија Барбара Ротбаум.

4.Бура и грмежи
Бучавата предизвикана од невремето и светлосните ефекти на небото кај некои луѓе се причина за забрзано чукање на срцето и потење на дланките. Некои од нив едноставно не можат да ги поднесат овие временски услови.

5. Темница
Стравот од темница е исто така најчестиот страв од детството. „Децата веруваат во сè што можат да замислат“, смета Томас Олендик, професор по психологија. Тој верува дека стравот од темнината е вкоренет во стравот од неочекуваното и дека може да прерасне во фобија (никтофобија) ако напредува и дека може да продолжи дури и кога човекот ќе порасне.

6. Висина
Стравот од височина е најчестиот страв и една од најчестите фобии (заедно со стравот од јавен настап) и се проценува дека од три до пет отсто од популацијата страда од фобија што ја нарекуваме акрофобија. Додека научниците сметаа дека акрофобијата е страв од нормална висина, новото истражување открива дека луѓето што страдаат од акрофобија ги гледаат зградите повисоки отколку што се всушност високи.

7. Непознати луѓе
Оваа фобија не е ограничена на јавни настапи, но исто така и на непријатност што се јавува ако јадете или пиете пред други луѓе, и може да се прерасне на целосна фобија пред секое лице што не е член на семејството. Стравот обично се јавува во детството или адолесценцијата, и се развива на возраст од 13 години.

8. Страшни места
Стравот од кое било место од кое заминувањето или бегството изгледа тешко или невозможно се нарекува агорафобија. На списокот на такви места обично се лифтови, отворени терени за спортски настани, мостови, јавен превоз, сообраќаен метеж, трговски центри и авиони.

9. Пајаци
Не се само тарантулите, огромните и смртоносни пајаци што предизвикуваат страв кај луѓето, истото чувство може да дојде и од обичен, безопасен пајак. Оваа фобија е четири пати почеста кај жените отколку кај мажите.

10. Змии
Екстремен страв од змии се смета за страв што еволуцијата го всадила кај луѓето, велат експертите. Еднаш, многу одамна, средбата со смртоносен пајак или змија била прашање на живот или смрт. Способноста да се забележи змија пред некои повеќе безопасни животни или предмети, велат експертите, е одлика што ги чувала нашите предци при животот во дивината.