Принцот Џорџ (лево) и Барон Трамп

Принцот Џорџ и Барон Трамп имаат познати родители, но ги поврзува уште нешто друго што е далеку поинтересно, пишува британски „Експрес“.

Џорџ (6) е најстарото дете на принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ, и е трети во низата за престолот. Барон (14) е најмладото дете на американскиот претседател Доналд Трамп и единствено со првата дама Меланија Трамп. Двете момчиња се во центарот на вниманието уште од рана возраст. Џорџ беше фотографиран речиси веднаш штом се роди, додека Барон привлекува внимание откако неговиот татко беше избран за претседател кога тој имаше 10 години.

Покрај тоа, тие имаат нешто друго заедничко во тоа што и двајцата посетуваат училишта што користат необични, нови методи на учење.

Барон го посетува епископско училиште „Сент Ендрјус“ во Потомак, Мериленд, каде се верува дека завршува осмо одделение. Училиштето е познато по својата пионерска употреба на истражувањата засновани на искористувањето на умствените капацитети, за водење на наставата и учењето.

– Во „Сент Ендрјус“, секој член на нашето предучилишно училиште до 12-то одделение е ооспособен според методите на науката за ум, мозок и образование. Ова знаење за тоа како учи мозокот им овозможува на наставниците да ги применат најновите истражувања и да ги спроведат во своите училници – се наведува на интернет-страницата на училиштето.

Со Барон Трамп се прекинува традицијата според која децата на американските претседатели да одат во „Сидвел френдс скул“.

„Сидвел френдс скул“ беше училиште за децата на претседателите Барак Обама, Бил Клинтон, Ричард Никсон и Теодор Рузвелт, и ниту едно друго училиште не било посетувано од дете на американски претседател во изминатите 35 години пред инаугурацијата на Доналд Трамп.

Во меѓувреме, Џорџ го започна своето образование во „Вестејкр монтесори скул нрсери“, во близина на поранешниот дом на семејството во Анмер Хол, Норфолк.

Училиштата во Монтесори користат необични наставна метода, која подразбира овозможување на детето да се занимава со она што го сака, како и учење на практични вештини. Приврзаниците велат дека ваквиот начин на образование ја поттикнува независноста и децата во Монтесори имаат подобри образовни резултати, додека критичарите сметаат дека резултатите се нејасни и неуверливи.

Како можен иден крал, способноста на Џорџ да размислува и да дејствува самостојно би била вештина од витално значење.

Цената во Монтесори изнесува околу 33 фунти на ден, а 23 од 27-те деца кои го посетуваат училиштето добиваат помош за финансирање на образованието.

Додека на прв поглед можеби нема многу заедничко меѓу Вилијам и Кејт и Доналд и Меланија Трамп, одлуката да ги испраќаат нивните деца во училиштата што користат нови методи на предавање, покажува дека и двете двојки се грижат за образоаванието на своите деца.