Американската телевизија Еј-би-си вчеравечер објави нов документарен филм кој ги анализира постапките, последиците и исходот од одлуката на Меган и Хари да се повлечат и дистанцираат од кралското семејство. Во „Кралската поделба: Хари, Меган и круната“ се повикуваат на повеќе кралски експерти и дописници, од кои повеќемина патувале со двојката, во текот на првата година на Меган во кралското семејство.

Документарецот воглавно вклучува шпекулации за причините за одлуката и што може да се случи следно. Еден од заклучоците е дека Хари одамна посакувал да се оддалечи од кралскиот живот, но му требал дополнителен поттик, што му го дала Меган. Експертите укажуваат на начинот на кој медиумите ја злоупотребувале Меган повикувајќи се на минатогодишниот документарен филм на Ај-ти-ви, во кој таа зборуав за тешкотиите во нејзиниот живот како член на кралското семејство.

Причините на принцот Хари за повлекување

Повеќето од ова е веќе познато, но има и нови анализи, како што е интервјуто со близок пријател на Хари, кој дава повеќе увид во личните мотиви на принцот за повлекувањето.

Поголемиот дел од медиумите за одлуката на Меган и Хари да се повлечат и дистанцираат од кралското семејство беше фокусирана на Меган, но документарниот филм ја нагласува улогата на Хари.

Во него има снимки од пријателот на Хари, поло играчот Начо Фигурас.

– Зборував со Хари пред неколку дена. Многу претрпе, од сите нешта што му се случија. Тој страда многу затоа што луѓето го осудуваат. Тој е татко, човек кој се обидува да ги заштити своето младенче и својата лавица од што и да е потребно – вели пријателот на Хари.

Сведоштвото на Фигурас во докуметарецот добива повеќе смисол со објавување на изјави на Хари дадени во изминатиот период, во врска со неговиот живот во кралското семејство и за неговата репутација како „неподобен член“.

Во изминатите години, честопати се спомнуваше начинот на кој го напаѓале папараци во текот на неговиот живот. На пример, минатата година, во документарецот на Ај-ти-ви, тој изјавува „нема да дозволам да ме вплеткаат во играта што ја уби мајка ми“.

Различниот третман на Меган и на Кејт во печатот

Документарецот ги истражува разликите во третирањето на Меган и на Кејт во британските таблоиди. Пред да се омажат и двете беа злоупотребени од печатот (иако од истрагата произлегува дека Меган биле обележани со расистички наслови и примедби). Но откако Меган стапи во брак, печатот генерално беше позитивен кон Кејт. Во меѓувреме, откако Меган се омажи, таблоидите продолжија да ја напаѓаат со уште повеќе сурови и горчливи коментари како и расизам, повеќе отколку порано. Медиумите, исто така, континуирано ги спротивставуваа двете жени една против друга, честопати на штета на Меган. (На пример, ако Кејт носела фустан без ремен, таа била прогласена за модна икона, а Меган би ја опишале како „вулгарна“).

Како и секогаш Меган и Хари остануваат популарни

Бренд-стратегот Марвет Брито во документарецот вели дека „одлуката на Меган и Хари да се повлечат од кралското семејство само го засилила потенцијалот на нивниот брендот“. Репортерот Ван Латан се согласи, истакнувајќи дека двојката сега е толку „позната и на културолошко симболичен начин, на кој досега ниедна кралска двојка никогаш не била. Заклучокот е дека брендот на Меган и Хари ќе биде многу посилен и попрофитабилен отколку да останеа во семејството.

Тие веројатно нема да можат да избегаат од медиумите

Еден од мотивите за повлекувањето на Меган и Хари е да имаат повеќе приватност, но во документарниот филм се шпекулира дека интересот на јавноста ќе биде уште поинтензивен, сега кога Меган и Хари веќе не живеат во заштитениот кралски меур. Сега има зголемен интерес за двојката и тие се поранливи. Експертите го посочија примерот на принцезата Дијана, која се соочи со уште поинтензивна контрола откако јавно изјави дека ќе живее повеќе приватно. Досега, ова се покажа вистина. Фотографите со недели кампуваат на островот Ванкувер, во Канада, каде што Хари и Меган престојуваат, а папараците објавуваат фотографии од Меган речиси секојдневно.