За сите што се во дилема што да изберат за да израдуваат некое драго детенце, кое со нетрпение сака да види што му донел Дедо Мраз под елката, еве неколку предлози.

Првиот новогодишен подарок за бебе би можело да биде кадифено мече или жирафа, мека шарена топка, разни тропалки… На двегодишните деца би можело да им се подари автомобилче, поголеми коцки со букви и животни, кукла… Убав подарок за тригодишните деца би бил сет од играчки, како на пример, мала кујна или алатки од гума.

Идеален подарок за петгодишните деца би биле интерактивни, едукативни сликовници, табли за пишување, куќичка за кукли, разни спортски реквизити за деца… На шестгодините деца можат да им се подарат сложувалки или друштвени игри, како на пример Монопол.

За децата од седум до 12 години изборот е голем. Би можеле да ги израдувате со разни енциклопедии за деца, интересни книги, сетови за цртање и сликање, музичка кутија за чување дреболии или велосипед.