Вечерва, со почеток во 20 часот, во гаражите под Плочник, ќе се одржи шестото издание на мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“ во организација на „Кула“. Ова е фестивал на алтернативна гласна музика, мистериозна уметност и перформативниот танц. На музичката програма се: моноаудио-актот на Љупа, музиката на електро-дуото „Барум Барум“ и „Ангза“.

Уметничката програма ќе понуди експлозивно-пробивачки перформанс, инсталации скулптури и експерименти од научноуметнички и екпедитивно-политички едукативен тип, дебата на темата „Транскрипција на 21 век преку синаптичките јазли на балканскиот ум(етник)“ од професор доктор Никола Буданович и локален артист и несинхронизирано научно караоке-читање. Зад другите многубројни содржини стојат имиња како: Александра Анагностопулу, Амир Карахасан, Викторија Попова, Владимир Лукаш, Горан Ристовски, Душан Пејчев, Дуарте Соуса, Ева Григориадоу и др.