Има нешто во болницата во градот Меса во американската сојузна држава Аризона, каде што истовремено се бремени 16 медицински сестри, пишува во сабота Би-Би-Си.

Тоа е 10 отсто од вкупниот медицински персонал на одделението за интензивна нега, па така високата стапка на бременост започнале да ја забележуваат и пациентите.

Медицинските сестри, кои наскоро ќе станат мајки, се пошегуваа на прес конференција дека можеби „финтата“ е во водата или се во прашање слободните Божикни празници.

Првото породување се очекува во септември, а последното во јануари.

– Мислам дека не знаевме колку од нас се трудни додека не формиравме група на фејсбук…Како да сме се договориле – рече Рошел Шерман, која би требало да се породи за нешто повеќе од еден месец.

Одделот следната недела ќе подготви голема забава за бремените колешки, пред да го започнат боледувањето.