Една шеснаесетгодишна девојка од Кина досега имала над 100 естетски операции за да го подобри својот изглед. Зоу Чуна, млада кинеска инфлуенсерка, својата кариера ја грaди како зависничка од пластична хирургија, објавувајќи фотографии од своите екстремни трансформации. Првата операција ја имала на 13 години.
Чуна не е единствената девојка што уште во пубертетските години се свртела кон естетското разубавување, но нејзиниот случај се смета за единствен поради големиот број интервенции што ги направила во релативно краток период, односно само за три години.
Иако тврди дека имала сериозни придружни појави поради зависноста, како губење на помнењето и трајни лузни, Зоу вели дека, сепак, сето тоа ѝ се исплатело. Таа на своите следбеници на социјалните мрежи и натаму им раскажува дека претходно била многу грда, поради што трпела и навреди и малтретирања, па затоа одлучила да го подобри својот изглед.
Првата операција како тринаесетгодишно девојче ѝ била кревање на очните капаци.
– Никогаш нема да бидам сосема задоволна од изгледот и секогаш кога ќе се погледнам по интервенцијата во огледало, имам впечаток дека можело и подобро. Ме прашуваат дали ми е жал поради овие зафати, а јас велам дека жалам што не почнав уште порано – вели Зоу Чуна.