Градските власти на Шенжен објавија дека градот е прв во Кина целосно покриен со 5Г мрежа која не зависи од претходната 4Г мрежа.Овој град  со повеќе од 12,5 милиони жители во регионот Гуандон се смета за место каде технологијата брзо се развива и каде има многу стартапи од оваа област како што се „Хуавеи“ и „Тенсент“. Шенжен е град со 46.480 со најголем број базни станици за 5Г мрежа во светот, објави „Ар-си-ар Ваерлес“.

Во оој град се сместени и кинеските технолошки гиганти „Вичет“, „ЗТЕ“ и водечката компанија за дронови „Ди-џеј-ај“.

Оваа независна 5Г мрежа ќе поддржува околу 20 урбани проекти, кои се проценува дека вредат околу 200 милиони евра. Во Кина 5Г мрежата беше пуштена во употреба во ноември минатата година. Развојот не беше запрен ниту поради памдемијата.