Гонца Перунковска е Македонка што живее во Швајцарија веќе шеснаесет години. Иако економистка по професија, секогаш негувала силна страст за фотографијата и за уметноста. По краткиот курс за фотографија, одлучува да ја трансформира својата страст во нешто посериозно. Својата прва година во светот на уметничките фотографии ја заврши со пет изложби, неколку награди и многу задоволства. Неа ја привлекуваат убавините на бескрајните и далечните хоризонти, кои ја водат како носталгична нишка кон нејзината родна земја – Македонија.

Ако секоја фотографија е еден временски кристал, такви се и пејзажите на Гонца, кои на набљудувачот му ја враќаат рефлексијата на некое изгубено време, на незадржливи емоции, на меланхолија на разделбата и, во исто време, на надеж од повторна средба. Гонца Перунковска штотуку почна да ни говори за себеси преку јазикот на фотографијата, но сигурно нејзиното „пишување со светлината“ има многу нешта да раскаже, а ние, внимателните набљудувачи, нема да ја пропуштиме можноста да ги читаме нејзините наредни поглавја. – Волтер Гидини

Гонца Перунковска