Новиот филм на режисерот Џеј Роуч и на сценаристот и продуцент Чарлс Рандолф, „Секс-скандал“ (Bombshell), моментно е во центарот на вниманието на љубителите на седмата уметност. Филмот се фокусира на приказните на различни жени вработени во телевизијата Фокс њуз и нивните обвинувања против покојниот основач Роџер Еилс.
Во филмот се зборува за тајните сојузи и прикриените мрежи што биле потребни да се охрабрат жените поврзани со случувањата во Фокс њуз и да се чувствуваат доволно удобно и храбро за да излезат во јавноста и гласно да кажат за сексуалното вознемирување од страна на Роџер Еилс.

Главните улоги ги играат оскаровките Шарлиз Терон, Никол Кидман и Маргот Роби. Шарлиз Терон и Никол Кидман се трансформираа во познатите ТВ-новинарки Меган Кели и Гретчен Карлсон, кои во 2016 година го тужеа Еилс за сексуално вознемирување, додека Маргот Роби се појавува како измислена продуцентка на вести по име Кејла Посписил.
Филмот „Секс-скандал“ ќе почне да се прикажува во киносалите на 20 декември годинава.