Мегапопуларната пејачка Шакира, која многу години се наоѓа на врвот на светската музичка сцена, деновиве им се обрати на своите многубројни обожаватели на Инстаграм, со симболично навестување дека подготвува нов музички материјал.
Четириесет и четиригодишната колумбиска ѕвезда објави фотографија на која се гледа како пее пред микрофон во студио.
„Нешто готвам!“, напиша таа на англиски во описот на објавата за своите 70 милиони следачи на социјалната мрежа, а потоа истото тоа го напиша и на шпански јазик.