Психоаналитичари од педесетите години на минатиот век користеа необичен метод за анализирање на личноста. Тие веруваа дека според начинот на кој човекот ја држи цигарата може да се определи за каква личност станува збор, за нивните навики, карактеристики и недостатоци кои ги поседуваат.

1. Според методот, станува збор за несигурност и страв од губење на цигарата. Најверојатно личноста истиот став го има и кон својот партнер.

2. Типична досада за време на состанок. Личноста вниманието се обидува да го задржи на врвот на цигарата.

3. Според методот, овој фат е на човек кој е интелектуалец, со разумен и контемплативен карактер.

4. Според методот, оваа личност е несигурна, слаба, тешка за соживот и склона кон прекумерно лажење.

5. Станува збор за многу напната личност која е директна и наклонета кон тврдоглавост.

6. Личност која сака да живее брз живот на висока нога, милионерски тип.

7. Станува збор за смел човек, кој го одмерува секој свој чекор и буквално „сака да си игра со оган“.

8. Сонувач, некој кој цело време мечтае и е отсутен од вистинскиот свет.

9. Многу песимистична личност, со премногу претпазливост и недоверба.