Славната модна дизајнерка Коко Шанел своевремено напиша дека едноставноста е суштина на елеганцијата

Советите на Коко Шанел се актуелни и денес

Коко Шанел, олицетворение на безвременски класичен стил и добар вкус, ни остави мода (и совети за живот) што можат да се применат и денес. Наместо да ги споделуваме нејзините цитати и да ги печатиме на маски за телефони, треба да се запрашаме, што всушност сакаше да каже оваа модна дизајнерка. Коко имаше мислење за сè – од бојата што треба да ја носиме до додатокот со кој можеме да освоиме. Ниту една од нејзините појави не се смета за обична. Монохроматски, бисерни и твид-јакни, кои се наоѓаат во шифрата на легендарната Коко, потврдија дека нејзините совети ќе останат релевантни и денес, исто како и во 1930-тите години. Речиси еден век подоцна, ние сè уште се придржуваме до нив.
„Модата е архитектура – станува збор за пропорции“
Добра облека за Коко значи да нагласи на женското тело сè што е потребно за да направи жената да се чувствува удобно. За таа цел, таа користи игра со текстурата на материјалите. Таа настојуваше да постигне совршена рамнотежа во изгледот со комбинација на различни текстури и форми, кои ја истакнуваат женската силуета на најдобар можен начин. Коко прва започна со производство на парчиња облека што комбинираат потенки и поцврсти ткаенини. Карл Лагерфелд го следеше ова патешествие, а Вирџинија Виард сè уште комбинира голема јакна од твид и тесни панталони.

„Едноставноста е суштина на вистинската елеганција“
Во универзумот на Коко Шанел има само четири бои – црна, златна, црвена и беж, околу кои сè се врти. Таа секогаш сакаше да предизвика контрасти, на начин што остава простор секоја од тие бои да се истакне. Затоа во своите колекции таа комбинира бела со црна, златна со сребрена и нежни нијанси со посветли. Токму овие контрасти доведуваат до хармоничните и софистицирани блокови на бои кон кои треба да се стремиме.
„Оние што имаат вкус носат накит. Оние што немаат, задоволни се со злато“
Коко Шанел своевремено напиша дека никогаш не треба да ја потценуваме моќта на накитот. Модната комбинација се гради постепено, кога започнуваме од основата (облеката), додаваме ремен, торба, капа, накит. Накитот е главниот лик на оваа приказна, а Коко секогаш им даваше главна улога на бисерите. Таа, исто така, му даде нова намена на ременот. Наместо панталони, таа го крена на половината и го истакна на тој начин. Отсекогаш сметала дека торбата е уметничко дело што комбинира практичност и убавина. На крајот, има капи или свилени ленти, за да го комплетирате изгледот. Но Коко секогаш велеше дека кога ставаме додатоци, секогаш ја истакнуваме последната работа.

„Чувството на слобода секогаш е модерно“
Коко силно веруваше дека потпетиците се императив, но и дека мора да бидат пријатни. Ниски и потребни – така ги опиша таа. Таа создаде идеални чевли со квадратна ниска потпетица, а со тоа ги комбинираше практичноста и елеганцијата. Наместо да се чувствуваме заробени во непријатните штикли, тоа ни овозможи да се чувствуваме слободни, стилизирани и пожелни.
„Жена без парфем е жена без иднина“
Оваа година, парфемот што го создаде, сакајќи да создаде нешто поспецијално за жените отколку комбинација од две ноти, го доживеа својот стоти роденден. „Шанел 5“ е можеби најпознатиот парфем во светот, кој покрај тоа што беше заштитен знак на Коко и нејзиниот бренд, беше и прв избор на Мерилин Монро, Никол Кидман, Марион Котијар и многу други светски икони. Парфемот е последната загатка во сложувалката за нашиот изглед, невидливиот а неизбришлив потпис на жената.